top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Француски тенисер ја доби најтешката казна во историјата на тенисот поради нефер потег на мечот со Ч

Француски тенисер ја доби најтешката казна во историјата на тенисот поради нефер потег на мечот со Чориќ Тенискиот турнир во Мадрид заврши со победа на Карлос Алкарас кој беше најдобар на домашен терен, но две седмици по крајот на турнирот, АТП сега изрече една казна која станува историска во „белиот спорт“.

Уго Гастон загуби од Борна Чориќ во шпанската престолнина, но еден потег кој го направи на крајот од првито сет ќе го плати нависитна скапо, односно ќе му ја одземе цела годинша заработка.

АТП реши да ја изрече најголемата финансиска казна во историјата на тенисот, односно во своето соопштение вели дека францускиот тенисер е казнет со 144 илјади долари.

Причина за ова е еден нефер-плеј потег на Гастон, кој во ситуација кога знаеше дека ќе го загуби поенот, намерно го извади топчето од џебот и го фрли на теренот.

Интересно, казната од 144 илјади долари ја надминува цела годишна заработка на Гастон која ја има остварено оваа година, а која изнесува 121 илјади долари.

Претходно, највисоката казна во тенисот ја имаше добиено Ник Кирјос за своите лудории на Синсинати во 2019-та година (111 илјади долари).


0 views

Comments


bottom of page