top of page

Француски тенисер ги шокираше фановите со потегот на турнир во Верона

Повредите се честа причина за недовршени тениски мечеви, но француски тенисер успеа да искористи ваква причина за да предизвика голем скандал.

Се работи за Иго Гастон, кој ги шокираше тениските фанови со својот потег на Челинџерот во Верона, каде реши да го предаде мечот кога се соочуваше со три меч топки на противникот.

Аргентинецот Марко Трунгелити имал водство од 5:2 и 40:0 во третиот сет, па противникот решил да го предаде мечот токму во тие моменти, што е далеку од вообичаена завршница.

Инаку, Гастон е на солидната 92. позиција на АТП ранкингот и бил втор носител на турнирот во Италија, а заслужено заработи многу критики поради овој потег.


 
 
 

Comments


bottom of page