top of page

„Француски бакнеж” – концерт на триото „Ана Кап” со Филхармонија

„Француски бакнеж” е насловот на концертот кој ќе се одржи утревечер (11 февруари) од 20 часот во македонската Филхармонија. Диригент е Џијан Емин, а со оркестарот ќе настапи француското трио „Ана Кап” кои воедно се и автори на музиката која ќе биде изведена. Гости на концертот се и виолистот Оливие Самуилан и вокалистката Бети Жарден, и двајцата од Франција.

„Пјер Миле – труба, Мануел Декок – виолина и Жан Мишел Трото – хармоника. Во ова лудо и поетско шоу, „Ана Кап“ триото свири, пее, танцува и „распарчува“ и ништо не е оставено на случајноста. Слушаме наизменични трогателни и хумористични моменти, со прецизност на швајцарски часовник. Феноменалното шоу на француското трио „Ана Кап“ е вистинско камелеонско, инспиративно патување во кое се комбинираат виртуозна музика, чудесна комедија и дадаистички песни. Тоа се тројца извонредни музичари: фасцинантен трубач кој по секоја цена покажува неизвесност, среќен хармоникаш со биполарна тенденција и срамежлив и измачуван виолинист, кој се обидува, најдобро што може, да ја спаси фарсата…“, посочуваат од Филхармонија.

Оливие Самуилан (1976, Тулуз) студира музика на конзерваториумот во Тулуз, а потоа продолжува со студии на Колеџот за музика „Беркли“ во Бостон. Тој е композитор, мулти-инструменталист и неуморен патник. Покрај неговите интензивни и различни активности како изведувач, тој пишува и музика за филм и телевизија. Самуилан соработува и со издавачката куќа „Cezame“ како композитор уште од 2004 година.

Бети Жарден, пак, е француска пејачка која живее во Нормандија веќе седум години. Едуцирана е како џез пејачка (таа е дел од биг бендот на Монпелије) во јужна Франција од 1999. Исто така ја изучувала и индиска музика, во Јужна Индија каде престојувала 12 години. Интеракацијата меѓу џезот и индиската музика и даваат препознатлив вокален сензибилитет и уникатност. Најчесто таа ги пишува своите песни, кои ги изведува со различни музичари и групи во Каен.


 
 
 

Comments


bottom of page