top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Французите тврдат дека Нејмар е ставен на трансфер пазарот, Бразилецот излезе со јасен став


Работите во фудбалот молњевито се менуваат и многу ситуации често знаат да донесат неочекувани пресврти, па така само една година по потпишаниот долгорочен договор, Нејмар се наоѓа во ситуација повторно да размислува за својата иднина.

Пред само неколку дена дојде до крај на трансфер сагата наречена Килијан Мбапе и Французинот шокираше многумина со новиот договор со ПСЖ, кој според последните информации, може негативно да се одрази врз втората од трите најголеми ѕвезди во тимот.

Нејмар потпиша договор со ПСЖ до 2025-та година откако Барселона пројави сериозен интерес да го купи и да ги обедини со Меси, но наместо тоа, двајцата повторно се состанаа во ПСЖ бидејќи Аргентинецот пристигна во Париз во слободен трансфер.

Со потпишаниот нов договор, Мбапе добил поголема влијателност при изградбата на спортскиот проект, шпради што клубот се очекува да слуша понуди за Нејмар ова лето и „Лекип“ тврди дека желбата за продажба е голема кај водечките луѓе на ПСЖ.

– Ништо не ми кажал ништо за мојата иднина, јас сакам да останам во ПСЖ, – изјави денеска Нејмар, а со вест се јави и неговиот портпарол.

– Никој нема остварено контакт со нас за да ни каже дека Нејмар е на трансфер пазарот. Минатата година не притискаа да продолжиме нов договор и ова нема никаква логика, – вели портпаролот на Нејмар за „Лекип“.


1 view

ความคิดเห็น


bottom of page