top of page

Франција покажа сила во „контролката“ со Бразил и победи со играч помалку!

26.03.2026 Mart Cetvrtok

Репрезентацијата на Франција го надигра Бразил во пријателскиот натпревар одигран во Соединетите Американски Држави, на стадионот „Жилет“ во Фоксборо, славејќи со конечни 1-2 (0-1). 

„Триколорите“ дојдоа до победата со по еден гол во двете полувремиња, а стрелци беа Килиан Мбапе и Уго Екитике. Ѕвездата на Реал Мадрид погоди по одлична асистенција на Усман Дембеле во 32. минута, а офанзивецот на Ливерпул ја затресе мрежата по дваесет минути игра во второто полувреме. 

Франција остана со играч помалку во 55. минута, откако директен црвен картон доби Дајот Упамекано, но сепак успеа потоа да ја удвои предноста од првиот дел. Бразил се врати во игра со голот на Жерсон Бремер во 78. минута, по што следуваше поголем притисок кон францускиот гол, но одбраната беше на потребното ниво и спречи нови непријатности за своите навивачи.

И покрај иницијативата на „кариоките“ во финишот, се чини дека Франција одигра за нијанса подобро и заслужено славеше на крајот со конечни 1-2. 

Франција ќе одигра уште една контролка на 29 март против Колумбија, а Бразил на први април се соочува со селекцијата на Хрватска


 
 
 

Comments


bottom of page