„Франс-Прес“: Трансферот на Меси во Саудиска Арабија е завршена работа
Лионел Меси долго време е поврзуван со трансфер во Ал Хилал, а се чини дека клубот од Саудиска Арабија имал успешни преговори со претставниците на Аргентинецот. Меси беше поврзуван со Ал Хилал, со трансфер во Интер Мајами, па и враќање во Барселона, но се чини дека ја избрал мултимилионската понуда од азиската земја. Агенцијата „Франс-Прес“ денеска ексклузивно објави дека Меси ставил потпис на договорот со Ал Хилал и тој трансфер е завршена работа, единствено е нејасно кога ќе биде потврден од азискиот клуб. Меси ќе заработува неколку стотина милиони евра по сезона и повторно ќе го активира ривалството со Кристијано Роналдо, кој веќе настапува во редовите на Ал Наср. Саудиска Арабија сака да ја промовира својата фудбалска лига во обидот да добие организација на светско првенство, а смета дека најдобрата кампања ќе ја направи токму со ангажирање на големи ѕвезди.
留言