top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Фотографија која ќе се памети: „Кралот“ Лазаров и неговата круна (ФОТО)

Најдобриот македонски ракометар и воедно селектор, Кире Лазаров вчера го одигра својот последен лигашки меч во кариерата и тоа во дресот на Нант, клуб од кој е дел од 2017 година.

Нант го прегази Тулуз со 32-18 во меч во кој домашните играчи направија вистинско шоу, а свој придонес имаше и Лазаров кој одигра перфектна партија со три голови од три обиди. Потоа следуваше збогување со играчите кои ќе го напуштат клубот или ќе ја завршат кариерата како што е случајот со Кире кој беше испратен на најдобар можен начин како што заслужува една легенда.

Скоро три децении македонскиот бомбардер настапуваше на сцената на сениорско ниво почнувајќи од Борец до Нант. Токму францускиот тим одлучи да го круниса Македонецот, доби круна и во присуство на неговото семејство настана фотографија која ќе се памети уште долго време.




4 views

Comments


bottom of page