top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Фотографиите на Киро Урдин изложени во Букурешт

16.07.2024 Juli Vtornik

По извонредниот успех постигнат минатата година во главниот град на Романија, со две изложби на слики во познатата галерија „Константин Бранкуши“, во рамките на зградата на романскиот парламент и во галеријата на Националниот музеј на романската литература, како и учеството на 13-от Интернационален фестивал на поезија, нашиот реномиран мултимедијален уметник со светско реноме Киро Урдин повторно ќе се претставува пред романските љубители на уметноста.

Овој пат по покана од Музејот на романскиот селанец во Букурешт (музеј што во 2006 година е прогласен за најдобар музеј во Европа) ќе се одржува светската премиера на изложбата на фотографии насловена „Луѓето од долината Омо Валеј“, кои Урдин ги направил за време на неговите многубројни патувања во Африка, за време на снимањата на неколку негови документарни филмови. …– Tука се припадниците на племињата Мурси, Боди, Квего, Мугон, Ари, Бана, Хамар, Аробе, Каро, Сурма, Диме, Консо… Да се видат и доживеат тие прекрасни припадници на овие етнички групи е вистински топол шок за секое срце. На некои од нив кожата им е изгравирана, на други им е насликана со бои, а богатата разновидност на придружни украси помага уште повеќе да се збогати нивната убавина. Природно спонтани луѓе, како срцето да им минало во нивните насмевки – вели Киро Урдин.

Кураторка на изложбата е Теа Теохаревска-Иванова, дипломиран филолог по романски јазик и книжевност, а комесар Јане Теохаревски, историчар на уметност. Изложбата е во организација на Амбасадата на Македонија во Романија и ќе трае од 18 јули до 18 август.


4 views

Comments


bottom of page