Search
ФОТОГАЛЕРИЈА: Маестралени концерти на Симон Трпчески во Перт, Австралија
Македонскиот пијанистички виртуоз Симон Трпчески оддржа два концерта во Перт, во рамки на годинешната турнеја во Австралија. Трпчески, во придружба на Симфонискиот оркестар на Западна Австралија, го исполни „Првиот концерт за пијано“, монументално дело на Јоханес Брамс.
Двата концерта во Перт, последни од турнејата, ги посетија 3.200 љубители на класичната музика, која изведбите ги поздрави со громогласни аплаузи. Трпчески се сретна со членови на македонската заедница во Австралија и со почесниот македонски конзул Зоран Ќосески.
Comments