Search
Фотовест – Длабок наклон и респект за нашите јунаци
23.06.2021 Juni Sreda
Со гест на висока почит и респект, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, го пречека и го поздрави Горан Пандев, капитенот на македонската фудбалска репрезентација, по враќањето од Амстердам. Македонските фудбалски херои вчера пристигнаа на скопскиот аеродром по историскиот настап на Европското фудбалско првенство, каде што беа пречекани од голем број навивачи. Ова беше дебитантско учество на македонската сениорска репрезентација на едно вакво големо натпреварување, кое јавноста го следеше со големи симпатии и бурно навивање, па затоа и голем број навивачи дојдоа да го поздрават враќањето на хероите во земјава, кои изминативе десет дена нѐ претставуваа на ЕП 2020.
コメント