ФОТО | Џеки Чен сите ги загрижи со изгледот на 70. роденден: Актерот откри за што се работи
09.04.2024 April Vtornik
Џеки Чен се огласи преку социјалните мрежи откако неговото неодамнешно појавување предизвика загриженост кај обожавателите за неговото здравје.
Имено, актерот кој викендов наполни 70 години, присуствуваше на настан уште во март и беше фотографиран со исцрпено лице и седа коса.
Многумина рекоа дека тој изгледа постар и послаб од вообичаено, што ги остави загрижени за неговото здравје и дали е добро.„Остарел околу 20 години за 5 години! Последен пат кога го видов изгледаше младо“, напишал еден корисник на социјални мрежи.Чен го одбележа својот роденден во неделата објавувајќи свои фотографии на различни филмски сетови низ неговата долга холивудска кариера. Во натписот, актерот потврди дека многумина се загрижени за неговото здравје по објавената фотографија. Иако не е невообичаено да се има седа коса на 70 години, тој одлучи да објасни за што се работи.„Неодамна, многу пријатели видоа некои од моите неодамнешни фотографии на интернет и сите беа загрижени за моето здравје. Сакам да ја искористам оваа прилика да ги известам сите, не грижете се! Тоа е само изгледот на ликот за мојот последен филм. Ликот бара од мене да имам бела коса, бела брада и да изгледам старо“, објасни тој.
Чен, исто така, рече дека „секогаш е подготвен да проба нови работи за филмовите, без разлика дали станува збор за предизвикувачко каскадерство или изглед на ликот.„Уште пред денешнава објава многу пријатели ме потсетуваа: ‘Џеки, уште малку ќе ти биде 70-ти роденден!’. Секогаш кога ќе го слушнам овој број, моето срце застанува за момент – веќе имам 70 години?“, напиша актерот.„Да можеш да старееш е среќа. Особено за нас каскадерите, не знаеме колку сме среќни што можеме да остариме“, додаде Чен.
Познатиот актер истакна дека во „забавниот бизнис се занимава веќе 62 години“, додавајќи дека е „среќен“ што снима и денес.„Гледањето на овие фотографии ми враќа толку многу прекрасни спомени. Сè што можам да кажам е: сакам да снимам филмови и ве сакам сите вас“, заклучи Чен.
Comments