top of page

ФОТО | Ќерката на Арнолд Шварценегер објави ретки семејни фотографии: „Среќен роденден, тато“

01.08.2026 Avgust Sabota

Арнолд Шварценегер го прослави својот 79. роденден, а по тој повод неговата ќерка Кетрин Шварценегер сподели серија ретки семејни фотографии кои досега не биле објавени.

На фотографиите се гледаат моменти од нејзиното детство, меѓу кои и една на која Арнолд ја држи како бебе облечено во розов костим на кловн, како и понова фотографија од нивен видеоразговор преку Фејстајм. Таа објави и семејна фотографија на која актерот позира со поранешната сопруга Марија Шрајвер.„Среќен роденден, тато… Толку сме среќни што си наш, а уште посреќни што нашите деца те имаат за дедо“, напиша Кетрин.

Во меѓувреме, Шварценегер роденденот го одбележа и на социјалните мрежи, каде што на своите следбеници им понуди голем попуст за фитнес-апликацијата „Памп клуб“.„Денес полнам 79 години. Не сакам никакви подароци“, напиша тој покрај фотографија од теретана на отворено.

Актерот објасни дека неговата цел не е само бизнис, туку да мотивира што повеќе луѓе да вежбаат.„Можеби ќе речете: ‘Арнолд, мислев дека си добар бизнисмен’. И сум. Но зад „Памп клуб“ не стојат инвестициски или хеџ-фондови. Стојам само јас. Ова е мисија, а не само работа. Ако успеам да мотивирам милиони луѓе да тренираат цела година, подготвен сум да ја прифатам таа загуба“, порача тој.

Арнолд Шварценегер со Марија Шрајвер има четири деца – Кетрин, Кристина, Патрик и Кристофер, а има и син, Џозеф Баена, од врската со поранешната куќна помошничка Милдред Баена. И покрај разводот во 2011 година, двајцата останаа посветени на семејството и воспитувањето на своите деца.

Кетрин, која со сопругот Крис Прат има три деца, неодамна изјави дека токму безусловната љубов што ја добила од своите родители се труди да им ја пренесе и на своите деца.„Моите родители се погрижија во секоја фаза од животот да се чувствувам безусловно сакана. Сето она што тие го правеа додека растев, денес се трудам да го применам во воспитувањето на моите деца“, изјави таа.


 
 
 

Comments


bottom of page