ФОТО | Јован Јованов се враќа на македонската сцена по 14 години, подготвува дуетска песна со Пајак
Пред неколку дена, на социјалните медиуми се појави фотографија од пејачот Јован Јованов и раперот Христијан Настески – Пајак во студио. Нивните обожаватели се запрашаа: „Што ли се подготвува во студиото Јованови?“.Многумина помислија дека се работи за нова песна на Пајак во продукција на Јован Јованов, но на големо изненадување се работи за дует и тоа на ремикс на мега-хитот „Магија“. Само за потсетување песната „Магија“ во изведба на група „Магија“ беше победник на Макфест во 1998 година и сеуше се слуша по нашите радио станици и ноќни клубови.По желба на Пајак, Јованов повторно ќе ги запее познатите стихови „Ќе ми треба магија за да те освојам“. Новата преработка има сосема нов аражман, а целата продукција е направена од страна на Иван Јованов – Ивајо.
Песната, заедно со видеозапис, ќе биде промовирана на 6 декември на јутјуб-каналот на „Урбан рекордс“.Во последнава декада, Јован Јованов живее во Канада и работи како музички продуцент. Тој е добитник на многу значајни награди и признанија во областа на музичката индустрија во Канада.
„Се надеваме дека овој дует ќе биде едно убаво освежување за македонската музичка сцена, но и поттик за нови проекти за во иднина“, изјави Јованов.
Comments