top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ФОТО | Јелена Ѓоковиќ ги носи најбараните сандали на светот: Чинат неколку стотици евра и жените полудеа по нив оваа сезона

30.07.2024 juli Vtornik

На почетокот на двеилјадитите години, на модната сцена доминираа минималистички сандали – толку едноставни, што нивната главна задача беше да ја истакнат модната комбинација, а не да ја засенат.

За среќа, „слингбек“ (со ремен над петицата) моделите од пред неколку сезони полека, но сигурно се враќаат на модната сцена. Станува збор за класичниот модел на салонки од висока класа, со препознатливиот ремен над петицата. Овој модел особено ги освои љубителите на модата кои сакаат и удобност и тренд.

За разлика од моделот со ремен што се прицврстува околу зглобот, минималистичките сандали со ремен над петицата ги прават нозете подолги и послаби. Најчесто доаѓаат со тенко ременче, едно преку прстите, а друго што оди над петицата, обезбедувајќи максимална удобност.

Ни сопругата на српскиот ас Новак Ѓоковиќ, Јелена, не му одолеа на овој модел. Таа пристигна во вакви чевли на отворањето на годинашните Олимписки игри во Париз, каде се појави во беспрекорно минималистичка комбинација со француски шмек.

Белиот минималистички фустан, потпишан од Кристијан Диор, го искомбинира со црни сандали. Ефективни во сета своја едноставност, сандалите ѝ дадоа неколку сантиметри висина, а витките нозе на Ѓоковиќ ги направија уште потенки и подолги.

Ваквите брендирани сандали чинат неколку стотици евра, во зависност од брендот, но може да се најдат и поевтини верзии кои може да си ги дозволи секој.

Фото: Marechal Aurore/ABACA / Abaca Press / Profimedia


3 views

Comments


bottom of page