ФОТО: Јапонија и Австралија со по четири златни медали по два дена на Игрите во Париз
29.07.2024 juli Ponedelnik
После два дена на Летните олимписки игри во Париз, на табелата по освоени медали, Јапонија моментно има четири златни медали, два сребрени и еден бронзен.Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
И Австралија има четири златни, и два сребрени, а до сега најмногу медали од сите земји освоија САД, вкупно 12. Американските олимпијци се закитија со три златни, шест сребрени и три бронзени медали.
Домаќинот Франција има осум медали, од кои по три златни и сребрени, и два бронзени, потоа Јужна Кореја има три златни, два сребрени и еден бронзен, додека Кина има три златни, еден сребрен и два бронзени медали.
По еден златен медал имаат Казахстан, Белгија, Германија и Хонгконг.
Вреди да се истакне дека само во првите два дена веќе имаше освојувачи на медали од 28 различни земји.
Comentarios