ФОТО | Шакира ја рекреираше легендарната фотографија од 1997 година, реакциите се хит
- Aleksandar Santovski
- Aug 8
- 2 min read
07.08.2026 Avgust Petok
Шакира ги израдува своите обожаватели откако ја рекреираше една од најпознатите фотографии од почетокот на нејзината кариера, која со години е популарна како меме на интернет, пишува „Пипл“.
Пејачката објави нова фотографија на која позира во речиси иста положба како на оригиналната снимка од 1997 година, а објавата веднаш предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.„Имам чувство дека ова веќе сум го видела“, напиша Шакира покрај фотографијата објавена на Инстаграм.
Фотографијата што стана интернет-феномен
Оригиналната фотографија е направена во 1997 година во редакцијата на колумбискиот весник „Ел Ералдо“ („El Heraldo“), во периодот кога Шакира почнувала да се пробива на музичката сцена.
На неа младата пејачка седи пред голем компјутер од деведесеттите години, позирајќи како да пишува на тастатура и насмеана гледајќи кон камерата.
Со текот на годините, фотографијата стана едно од омилените интернет-мемиња, особено откако корисниците забележаа дека мониторот пред неа всушност бил исклучен. Поради тоа, снимката почна да се користи во шеги поврзани со стара технологија, канцелариска работа и почетоците на социјалните мрежи.
Новата верзија ја прикажува Шакира како седи на маса пред печатач, но позата и атмосферата се речиси исти како на оригиналната фотографија.
Фановите се прашуваат како не старее
Новата фотографија предизвика лавина коментари, а најголем дел од реакциите се однесуваа на изгледот на пејачката. Многумина пишуваа дека Шакира речиси воопшто не се променила во споредба со фотографијата стара речиси 30 години.„Дали таа е вампир? Не гледам никаква разлика“, „Таа не старее“, „Како е можно воопшто да не се променила?“ – беа дел од коментарите што се ширеа на социјалните мрежи.
Една страница на Инстаграм дополнително се пошегува со фотографијата, користејќи ја фразата „Хттпс не лажат“ („Https don’t lie“), како игра на зборови со нејзиниот голем хит од 2005 година „Колковите не лажат“ („Hips Don’t Lie“).






Comments