top of page

ФОТО: „Фалангата“ почна да се собира во фан-зоната, Македонија ќе има поддршка во Гент Фудбал Македонија-Белгија 20-45 Петок квалификации за светско

10.09.2025 Oktomvri Petok

Оваа генерација на репрезентативци на Македонија вечерва го игра можеби најважниот натпревар. Во Гент ќе ѝ се спротивставиме на моќната Белгија против која одигравме херојско реми во Скопје, во првото соочување во овие квалификации за СП.

Нашите фудбалери и на овој натпревар нема да бидат сами, поточно ќе добијат поддршка од трибините. Македонската „Фаланга“ полека се собира во фан-зоната која што ја организира Фудбалската федерација на Македонија и започна да се загрева за она што ги очекува вечерва од 20:45 часот.

Македонија е лидер на табелата со 11 бода, еден повеќе од Белгија, но и натпревар повеќе. На третото место е Велс со десет бода, кој ова коло е слободен. 

ree

 
 
 

Comments


bottom of page