Search
ФОТО: Трибините се полни само кога доаѓа гигант, 30.000 Македонци се на Арената
Фудбалската репрезентација на Македонија го игра последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство, а гостин како за крај на циклус е големата Англија.
Како и секогаш, интересот кога доаѓа европски големец во Скопје е огромен. Билетите за натпреварот „пламнаа“ за неполни 48 часа, а организацијата и напливот на луѓе кон градскиот парк ги блокираа и улиците на главниот град.
Околу 30.000 навивачи ги исполнија сите достапни места на Арената „Тодор Проески“. Дел од источната трибина е испразнет, бидејќи во центарот се сместени нешто повеќе од 2.000 приврзаници кои допатуваа од Англија.
Comments