top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ФОТО | Среќен 90-ти роденден Џоан Колинс! Славната дама изгледа заносно на славењето, а зад себе има

ФОТО | Среќен 90-ти роденден Џоан Колинс! Славната дама изгледа заносно на славењето, а зад себе има бурен животХоливудската актерка Џоан Колинс зрачела со гламур додека излегувала да го прослави својот 90-ти роденден со својот посветен сопруг Перси Гибсон (58) во вторникот во Лондон. Џоан, позната по легендарната улога на Алексис во „Династија“ ја оправда својата репутација на стилска икона бидејќи го покажа својот изглед кој им пркоси на годините, во гламурозен миди цветен фустан.

Џоан го надополнила својот летен фустан со бел скроен блејзер и сламен шешир. Актерката се појавила добро расположена додека се насмевнувала и мавтала кон камерите додека одела да го прослави својот роденден со Перси. Филмскиот продуцент бил облечен во морнарски костум со бела кошула која ја оставил делумно распетлана. Да се навратиме наназад… Инаку, Џоан Колинс имала многу бурен живот, за кој и јавно зборувала. Таа со својот прв сопруг Максвел Рид ја изгубила невиноста и родителите буквално ја натерале да се омажи за него. Сепак, Џоан открила дека првиот сопруг ја силувал.

„Имав 17 години кога ме дрогираше и сексуално ме искористи. Бев девица. Вината која ја чувствував поради тоа ме натера да прифатам да се омажам за него. Пеколот започна на медениот месец во Кан. Морав да му ја фарабам косата и да ги трпам неговите навреди. Само година дена после венчавката сакаше да ме продаде на богат шеик за 23 илјади евра“, изјавила таа во едно интервју.

Нивниот развод траел дури три години и чинел 13.000 евра. Непосредно пред смртта во 1974 година, Рид се жалел дека живее во сиромаштија додека Џоан, за која тврдел дека тој ја претворил во ѕвезда, не знае што би правела со парите.

Фото: Профимедиа

По овој брак следеле уште неколку неуспешни – еден со актерот Ентони Њулејм и еден со продуцентот Рон Кас со кого добила три деца. Таа во своите интервјуа има признаено дека не е баш најдобрата мајка, бидејќи нема време ниту да ги прегрне своите деца. Четвртиот брак на актерката беше со Питер Холм.

Шведскиот пејач Питер Холм ѝ станал менаџер. Тој ги отпуштил нејзините соработници за да може да ја контролира, па исто така ја скарал и со семејството.

„Сфатив дека морам да се разведам од него кога поради проблеми со срцето завршив во болница. Во тајност изнајмив адвокат, а него полицијата го избрка од мојот дом во Лос Анџелес“, објасни Џоан Колинс. Тие се развеле во 1986 година, а Холм добил само 85 илјади евра, бидејќи актерката имотот го заштитила со предбрачен договор.

Фото: Профимедиа

Џоан во младоста била огромна заводничка. По разводот од првиот сопруг го завела Сиднеј, синот на Чарлин Чаплин, а го оставила поради плејбојот Артур Лое.

„Тој беше еден од ретките мажи кои знаат да слушаат жена. За да се запознаам самата себе, ме наговараше трипати неделно да одам на психотерапија. Тоа навистина многу ми помогна“, раскажала Џоан Колинс.

Џоан денес е во среќен брак со Перси Гибсон.





6 views

Comentarios


bottom of page