top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ФОТО | Сите зборуваат за новата фризура на Том Круз: Освежен се враќа на снимање на „Невозможна миси

ФОТО | Сите зборуваат за новата фризура на Том Круз: Освежен се враќа на снимање на „Невозможна мисија 8“Том Круз се враќа на снимање по штрајкот на холивудските филмски работници, а неговата нова фризура привлече внимание.Холивудскиот актер (61) е фотографиран со забележително различен изглед од оној што го гледавме летово. Тој има подолги прамени со посветла нијанса на косата, пишува „Дејли меил“.Том пристигнал во Лондон со приватен авион од Флорида пред да се качи во хеликоптер на пилотското место, за да се упати на снимањето на „Невозможна мисија 8“. Актерот е успешен пилот речиси 30 години, а оваа квалификација ја добил уште во 1994 година.

Том без сомнение е желен да се врати на работа на продукцијата откако таа мораше да биде одложена поради штрајкот на актерите.Сепак неговите обожаватели имаат поделени мислења за неговата нова фризура.

„Мислам дека треба што побрзо да оди во фризерски салон“, „Зошто никој не му кажа колку лошо му изгледа оваа фризура?“, „Ми се допаѓа. Изгледа многу помладо“, „Ми се допаѓа кога мажот не се плаши да експериментира“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.

Сепак, тој дефинитивно наскоро ќе мора да посети фризер бидејќи наскоро ќе започне снимањето на осмиот дел од „Невозможна мисија“.









0 views

Comments


bottom of page