Search
ФОТО | Силви и Влатко Плевнеш станаа баба и дедо, ќерката Деа роди девојче
08.02.2024 februari cetvrtok
Музичко – брачната двојка Влатко Плевнеш и Силвана Мучиќ, познати и како дуото „Силви бенд“, станаа баба и дедо.Нивната ќерка Деаделина на свет го донесе своето прво дете – ќерката Малика.Инаку, Деаделина зачекори по стапките на своите родители.
Деа дипломирала џез-тапани на светскиот Универзитет во Амстердам ЕСАЕ Институт. Таа живее во Холандија, работи како диџеј, но и како инструктор по јога.
Деа е мошне активна на социјалните мрежи, каде што и ја соопшти прекрасната вест за приновата.
На едно свое патување во Индија, Деа објави фотографија со трудничкиот стомак.
Comments