ФОТО | Селма Хаек воодушеви во розов костим за капење: Божествена, свежа и природна!
Интернационалната суперѕвезда Селма Хаек (56) објави серија фотографии од неа и нејзиниот сопруг, милијардерот Франсоа-Анри Пино, како се забавуваат во нивниот базен.
Актерката од „Black Mirror“ објави и две слики во „жешко розов“ костим за капење кој ја покажува нејзината беспрекорна фигура.
„Уживав во благословот на сонцето, водата и љубовта“, пишуваше во објавата на актерката.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Salma Hayek Pinault
Откако беа објавени, фотографиите собраа повеќе од 1 милион лајкови од нејзините 25,8 милиони следбеници на Инстаграм. Армија од обожаватели на актерката коментираа на објавата:
„Мексиканска барбика“, беше коментарот на еден од фановите.
„Најубавата жена на светот“, напиша друг.
„Божествена, свежа и природна! Совршено! Сакам да гледам вистински луѓе“, се огласи трет обожавател на Хаек.
Нејзините најнови фотографии на базен доаѓаат откако ѕвездата од „Frida“ смело изјави дека никогаш во животот не користела ботокс.
Comments