ФОТО | „Секогаш знае да одбере добро парче“: Шерон Стоун го повлече вниманието со необична креација на филмскиот фестивал во Таормина
- Aleksandar Santovski
- Jul 22, 2024
- 1 min read
22.07.2024 juli Ponedelnik
Американската актерка Шерон Стоун (66) го привлече вниманието на филмскиот фестивал во Таормина во Италија.Холивудската ѕвезда пристигнала во интересна модна комбинација – бел фустан со рози како дезен и качулка, со потпис на италијанскиот моден дизајнер Антонио Марас. Што се однесува до шминката, Стоун се одлучила за прилично едноставно издание.
Актерката сподели фотографија на својот инстаграм-профил, каде многумина ѝ искоментираа дека таа „секогаш знае да го избере вистинското модно парче“.
Стоун ѝ беше доделена наградата за живното дело „Cariddi Golden Award“. Ова беше прво појавување на актерката во Таормина од 1992 година и тогашната италијанска премиера на „Ниски страсти“ („Basic Instinct“), еротскиот трилер кој ѝ донесе светска слава и бројни награди и признанија.
Comments