ФОТО | Се омажи најстарата ќерка на Раде Шербеџија: Гордиот татко ја одведе до олтарот
Нина Шербеџија, најстарата ќерка на легендарниот актер Раде Шербеџија и режисерката Ленка Удовички, го кажа судбоносното „да“, на својот долгогодишен партнер, актерот Филип Ѓуричиќ.
Заљубената двојка се венча во Нови Сад, каде беше организирана и свадбената веселба. Нина носела долга, раскошна венчаница, а нејзиниот татко ја одвел до олтарот.
Фото: Принтскрин/ Твитер
На социјалните мрежи се проширија фотографии од венчавката, на кои се забележува дека семејството и гостите уживаат и се забавуваат во добра музика. Дел од гостите дури и свиреле на ударни инструменти и гајди.
Фото: Принтскрин/ Твитер
Нејзините сестри Луција, Вања и Милица и братот Данило биле едни од највеселите, а поради добрата забава и на останатите им било тешко да седат. Во еден миг во чест на својата ќерка, Раде запеал со многу емоции.
Фото: Принтскрин/ Твитер
По интимната, свадбена церемонија до доцните часови се славело со тамбураши.
Opmerkingen