top of page

ФОТО | Се ожени јутјуберот Стефан Лазаров: Традиционални обичаи, бели гулаби пред црква

По седум години љубов, се ожени јутјуберот Стефан Лазаров со својата девојка Марта. Двојката се венчаше во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде во име на љубовта ги пуштија и белите гулаби.

Според фотографиите кои среќниот младоженец ги сподели на својот Инстаграм профил, на венчавката и претходеше цела традиција. По невеста се одеше со тапани и знамиња, во чевелот се ставаа пари, а имаше и туркање на врата.

Невестата избрала елегантна и модерна венчаница, а Стефан беше дотеран во елегантен црн костум.

Забавата продолжи во росторанот „Рагуза 919“, каде младоженците го изиграа својот прв свадбен танц на песната „Can’t Help Falling In Love“ од Елвис Присли.

ree

ree

ree

ree

ree

 
 
 

Comments


bottom of page