ФОТО | Светските ѕвезди дефилираа пред Ајфеловата кула на отворањето на Олимписките игри
29.07.2024 juli Ponedelnik
Пред отворањето на Олимписките игри во Париз синоќа бројни познати личности, меѓу кои и светски познати актери и музичари, се фотографираа пред Ајфеловата кула. Меѓу нив беа и Синтија Ериво и Аријана Гранде, кои дојдоа облечени во боите на костимите на нивните ликови во филмот „Wicked“. Првиот дел од адаптацијата на овој познат мјузикл би требало да излезе во кината во ноември.Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Фото: Jonathan NACKSTRAND / AFP / Profimedia
Држејќи се за раце Гранде и Ериво позираа пред познатата кула, а дождот не им пречеше.
Фото: Christophe Petit Tesson / PA Images / Profimedia
Гранде за оваа пригода избра нежно розов фустан, ја врза долгата коса во пунџа, а како украс употреби розова лента. Од додадоците носеше елегантни ракавици и сè комплетираше со чевли на високи потпетици.
Музичарот Џон Леџенд, неговата сопруга Криси Тајген и нивните деца не пропуштија да позираат пред Ајфеловата кула. Џон за оваа пригода избра бела кошула и палто со златни копчиња. Криси исто така избра комбинација со слични копчиња, но имаше малку полежерно издание.
Фото Jonathan NACKSTRAND / AFP / Profimedia
Под зелениот џемпер таа шорцеви налик на гаќо со ист дизајн.
На отворањето пристигна и главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур. Таа позираше со режисерот Баз Лурман пред Ајфеловата кула пред отворањето.
Фото: Jonathan NACKSTRAND / AFP / Profimedia
На отворањето фотографите го „уловија“ и популарниот француски актер Винсент Касел (57), кој дојде во придружба на својата 30 години помлада девојка Нара Баптиста.
Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON / POOL
Пред фотографите позираше и музичарот Фарел Вилијамс кој дојде во спортско издание. Носеше маица „Луј Витон“ со долги ракави, шорцеви и тениски чевли.
Comentarios