top of page

ФОТО | Свадба на годината во Дубровник! Синот на Род Стјуарт денеска се жени со Хрватка

31.05.2024 Maj Petok

Сè е подготвено за свадбата на годината! Дубровник веќе врие од познати гости, вчера се појави и легендарниот музичар Род Стјуарт, кој ќе присуствува на свадбата на својот син, хокеарот Лиам Стјуарт и Американката со хрватски корени Никол Артуковиќ.Добиј ги најважните вести,

Нејзината мајка е од Конавал, а со Лиам Стјуарт е во врска 13 години. „Дубровачки весник“ напиша дека приредиле забава за добредојде во Градината на палмите на хотелот „Екселсиор“, а денеска е на ред црковната церемонија. Потоа младенците и гостите ќе се упатат кон тврдината Ловренац, каде е предвидена свадбена веселба која ќе трае до два часот по полноќ.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Денот пред венчавката младенците го искористиле да уживаат во пливање и сончање, а невестата со фотографиите се пофалила на својот инстаграм-профил. Одушевени се од чистото море и прекрасната плажа со поглед на Дубровник, а притоа не се воздржувале од разменување нежности.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

На забавата за добредојде, исто така, цело време разменувале нежности, а сите биле одлично расположени. Бројните гости кои пристигнале во Дубровник, своето одушевување од венчавката на младиот пар, исто така, го изразиле преку социјалните мрежи, а се пошегувале и дека на Лиам Стјуарт му дале неколку корисни совети за добар брак.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Никол инаку е многу горда на своите хрватски корени, па често објавува фотографии со хрватски обележја. За својата раскошна венчавка таа избрала венчаница од хрватската дизајнерка Александра Дојчиновиќ.

ree
ree
ree
ree
ree
ree

 
 
 

Comments


bottom of page