Search
ФОТО: Сантош ги построи ѕвездите на официјалниот тренинг пред Македонија
- Aleksandar Santovski
- Mar 28, 2022
- 1 min read
Updated: Apr 1, 2022
28.03.2022 Mart Ponedelnik
Фудбалската репрезентација на Португалија е последна пречка на Македонија на патот кон Светското првенство во Катар. Избраниците на Фернандо Сантош денес го одработија официјалниот тренинг пред бараж финалето.
Во пресрет на прес-конференцијата на која зборуваа селекторот Сантош и капитенот Роналдо, португалските ѕвезди истрчаа на тревникот на „Драгао“ и го одработија тренингот. Сантош ги подели дел од последните совети во пресрет на утрешната средба.
Откако Португалија го одработи официјалниот тренинг и ја одржа прес-конференцијата, на ред е таборот на Македонија. Селекторот и еден играч ќе зборуваат на средбата со медиумите во 19:00 часот, а еден час подоцна Милевски ќе го одржи тренингот.



コメント