ФОТО | Рита Ора и Новак Ѓоковиќ „умираат“ од смеење на финалето на Светското првенство во рагби
Голем број ѕвезди вчера присуствуваа на фудбалскиот стадион „Стад де Франс“ во Париз, со цел да го проследат финалето на Светското првенство во рагби.
Актерот Џејсон Момоа, тенисерот Новак Ѓоковиќ и пејачката Рита Ора беа меѓу бројните обожаватели на овој спорт, кои со големо внимание го следеа финалниот натпревар меѓу репрезентациите на Нов Зеланд и Јужна Африка.
Фото: Zabulon Laurent/ABACA / Shutterstock Editorial / Profimedia
Ора, која беше во друштво на сопругот Таика Ваитити, седеше близу Ѓоковиќ, а фоторепортерите успеаа да ги забележат моментите кога пејачката со косовско потекло и српскиот тенисер разговараат и се смеат за време на натпреварот.
Имајќи ги предвид затегнатите односи меѓу Албанија/Косово и Србија, Ора наиде на критики во албанските медиуми поради пријателскиот однос со српскиот ас.
Фото: Zabulon Laurent/ABACA / Abaca Press / Profimedia
Ова не е првпат Рита Ора да биде нападната во својот роден крај поради Србија.
Имено, за време на нејзиниот неодамнешен настап во Унгарија, таа зеде српско знаме од публиката и се нагрна со него. Поради оваа постапка, таа мораше да се оправда.
„Синоќа настапив на СЗИН фестивалот во Угарија, каде што добив знаме од еден млад обожавател. Поради светлата, кои беа директно упатени кон мене, не можев да видам за кое знаме станува збор. Штом се симнав од сцената, сфатив дека не е српското знаме, а не унгарското“, објасни таа.
Comments