top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ФОТО | Рита Ора ги покажа раскошните облини во проѕирен фустан на ревија во Париз

Британската пејачка Рита Ора, која има албанско потекло, вчера го привлече вниманието на ревијата на модната куќа „Алаја“ во Париз, Франција.

За оваа прилика, 32-годишната пејачка облекла проѕирен и чипкаст фустан, кој не остава многу на фантазијата. Неминовно е да се забележи дека Ора не носела градник, па самоуверено ги покажала своите облини пред присутните на модниот настан.

Што се однесува до фризурата и шминката, тие биле минимални и едноставни, а нејзинот највпечатлив „моден додаток“ ѝ била самодовербата со која зрачела.

Еден ден претходно, Рита Ора настапи на годинашната Парада на гордоста во Лондон, Велика Британија. Таа ги испеа своите најголеми музички пред многубројната публика, облечена во розева модна комбинација.

Рита Ора на Парадата на гордоста во Лондон / Фото: JAMESY/GOTCHA IMAGES / Gotcha Images / Profimedia

Меѓу другото, таа ги изведе и најновите песни од нејзиниот претстоен албум „You and I“, кој треба да излезе на 14 јули годинава.

„Пораката на песната ‘Don’t Think Twice’ (третиот сингл од албумот) е да не размислувате двапати. Се живее само еднаш, па треба да се искористи секој момент. Не треба да бидеме преплавени со мислите: ‘Што ќе се случи, а што не?’“, изјави Ора неодамна за нејзината најнова песна.






0 views

Comments


bottom of page