ФОТО | Ретки фотографии со децата: Гоце Тодоровски прослави 49 години брак
Македонскиот актер Гоце Тодоровски и неговата сакана сопруга Тања се сѐ поблиску до она за што сонува секој заљубен пар – „златна свадба“ или 50 години брак.Годинава тие ја одбележуваат 49-годишнината од стапувањето во брак, а по тој повод семејството Тодоровски се собрало да го прослави овој убав и значаен јубилеј.
На една од најпопуларните македонски фејсбук-страници, посветени на актерот Ѓорѓи Колозов и познатиот телевизиски проект „Македонски народни приказни“, беа објавени неколку фотографии од Гоце Тодоровски и неговите две деца – ќерката Сашенка и синот Гоце.„Нашата актерска легенда Гоце Тодоровски деновиве одбележа 49 години брак со својата сопруга. По тој повод, семејството Тодоровски се собра во својот дом и го прослави тој голем ден крунисан со цели 49 години заеднички живот помеѓу Гоце и неговата животна сопатничка. Како плод на љубовта со неговата сопруга изродија две деца, на следниве фотографии ги гледате, ќерката Сашенка Тодоровска и синот Гоце крстен по својот татко Гоце Тодоровски“, пишува во објавата на фејсбук-страницата, посветена на покојниот актер Ѓорѓи Колозов.
댓글