top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ФОТО: Премиерот и претседателот заедно навиваа за Македонија

Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски вечерва од трибини заедно ја бодреа македонската фудбалска репрезентација која храбро се бореше на теренот со Англија.

„Натпревар на домашен терен, што вредеше да се гледа! Храбра борба, македонските репрезентативци вечерва покажаа одлична и посветена игра. Браво момци за освоениот бод со големата Англија!

Искуствата од квалификациските натпревари за пласман на Европското фудбалско првенство, нека бидат мотив за следните шанси. Терените се ваши, ја имате поддршката за чекорите напред“, напиша Ковачевски на ФБ.









3 views

Comments


bottom of page