ФОТО | Овие светски познати парови уживаат во љубовта и покрај големата разлика во години
- Aleksandar Santovski
- Jul 29
- 3 min read
29.07.2026 Juli Sreda
Можат ли големата разлика во години и успешната врска да одат рака под рака? Бројни познати парови докажуваат дека тоа е повеќе од возможно. И покрај честите коментари од јавноста, љубовта, разбирањето и меѓусебната хемија покажаа дека годините не се никаква пречка.Иако некои од нив се заедно само неколку години, други со децении потврдуваат дека хармонијата не зависи од датумот на раѓање.
Џеј Зи и Бијонсе – 12 години разлика
Еден од најмоќните парови во музичката индустрија се запозна кога Бијонсе имаше околу 18 години, а врската ја започнаа една година подоцна. Заедно се од 2001 година, а се венчаа во тајност во 2008 година. И покрај сите јавни предизвици, денес се во среќен брак и имаат три деца.

Виола Дејвис и Џулиус Тенон – 12 години разлика
Оскаровката Виола Дејвис сака да раскажува како се молела да го запознае вистинскиот човек непосредно пред да го сретне актерот Џулиус Тенон. Се запознаа на снимањето на серија во 1999 година, а во брак се од 2003 година. Заедно ја посвоија ќерката Џенезис во 2011 година и раководат со успешна продукциска куќа.

Метју Мекконахи и Камила Алвес – 12 години разлика
Славниот актер се заљуби во бразилската манекенка уште при првиот поглед во еден клуб во Лос Анџелес во 2006 година. Метју истакна дека од таа вечер не сакал да излезе со ниту една друга жена. Се венчаа на својот имот во Тексас во 2012 година и имаат три деца.

Елен Деџенерис и Порша Де Роси – 15 години разлика
Водителката Елен Деџенерис и глумицата Порша Де Роси се запознаа во 2000 година, но официјално започнаа врска во 2004 година. Судбоносното „да“ го изговорија во 2008 година штом Калифорнија ги легализираше истополовите бракови. Важат за еден од најстабилните парови во Холивуд.

Хилари Бартон и Џефри Дин Морган – 16 години разлика
Ѕвездата од „Три Хил“ и актерот познат по улогата во „Живи мртовци“ се запознаа на состанок на слепо организиран од заедницки пријатели. По деценија заеднички живот и две деца, официјално се венчаа во 2019 година и денес живеат на својата фарма.

Џејсон Стејтам и Рози Хантингтон Уајтли – 20 години разлика
Акцискиот јунак и британската манекенка се запознаа на фестивал во 2010 година. Се свршија во 2016 година, а нивната приватност ја чуваат подалеку од очите на јавноста. Заедно ги имаат синот Џек и ќерката Изабела.

Харисон Форд и Калиста Флокхарт – 22 години разликаЅвездата од „Војна на ѕвездите“ и глумицата од серијата „Али Мекбил“ се запознаа на доделувањето на Златните глобуси во 2002 година. Се венчаа во 2010 година во Нов Мексико. Харисон го посвои нејзиниот син Лиам, а двојката ужива во мирен семеен живот на својот ранч.

Аарон Тејлор Џонсон и Сем Тејлор Џонсон – 23 години разлика
Една од најкоментираните врски во медиумите. Актерот Аарон и режисерката Сем се запознаа на снимање филм кога тој имаше 18, а таа 41 година. Се свршија истата година, а се венчаа во 2012 година. Имаат две ќерки, а Аарон редовно истикнува дека веднаш знаел оти Сем е жената на неговиот живот.

Брус Вилис и Ема Хеминг Вилис – 23 години разлика
Брус и Ема се запознаа во теретана во 2007 година. Се венчаа во 2009 година и имаат две ќерки. Нивната поврзаност посебно дојде до израз изминатите години откако Брус се повлече од глумата поради дијагнозата на деменција, при што Ема стана негова најголема поддршка и заштитничка.

Мајкл Даглас и Кетерин Зета Џонс – 25 години разлика
Мајкл ѝ пријде на Кетерин на еден филмски фестивал со зборовите дека сака да биде татко на нејзините деца. Се венчаа во 2000 година во Њујорк. И покрај сите тешки моменти, нивниот брак трае повеќе од две децении и имаат две возрасни деца.

Џеф Голдблум и Емили Ливингстон – 30 години разлика
Ексцентричниот актер пронајде среќа со поранешната канадска олимписка гимнастичарка. Се запознаа во теретана во Лос Анџелес, а се венчаа во 2014 година. Џеф за првпат стана татко во своите 60-ти години и со Емили има два сина.

Сара Полсон и Холанд Тејлор – 31 година разлика
Актерските ѕвезди Сара Полсон и Холанд Тејлор се запознаа уште во 2000-тите, но искрата се појави години подоцна преку социјалната мрежа Икс. Во врска се од 2015 година. Сара повеќепати јавно ја бранеше нивната љубов, истакнувајќи дека оваа врска ѝ донела длабочина каква што претходно не почувствувала.

Дик Ван Дајк и Арлин Силвер – 46 години разлика
Легендарниот актер Дик Ван Дајк ја запозна шминкерката Арлин Силвер во 2006 година. Се венчаа во 2012 година, а актерот во своите доцни 90-ти години често изјавува дека токму Арлин е заслужна за неговата младешка енергија.






Comments