ФОТО | Обожавателите на Тејлор Свифт пет месеци кампуваат пред стадионот во Аргентина
- Aleksandar Santovski
- Nov 9, 2023
- 1 min read
Фановите на Тејлор Свифт во Аргентина со месеци кампуваат во шатори пред нејзината турнеја „Ерас“ да започне во аргентинската престолнина следната недела.Најверните фанови на пејачката се собираат во голем број во близина на стадионот „Ривер Плата“ во Буенос Аирес со надеж дека ќе ги фатат најдобрите концертни места за трите распродадени концерти на 9, 10 и 11 ноември, пишува „Њујорк пост“.„Бевме во овој шатор пет месеци“, изјавила 21-годишна обожавателка, која сакала да остане анонимна.
Оваа девојка, исто така, признала дека нејзините родители не знаеле дека таа со месеци кампува пред стадионот помеѓу часовите на факултет и хонорарната работа.
И таа не е сама – покрај тротоарот веќе има многу шатори, кои потсетуваат на летен камп. Една обожавателка по име Кармен изјавила дека поминала 300 часа, или нешто повеќе од 12 дена, спиејќи надвор во редот. Коорганизаторите на импровизираниот камп водат евиденција за учесниците кои мора да бидат постари од 18 години.
Билетите за посакуваната светска турнеја на Тејлор Свифт беа тешко достапни, без оглед на тоа каде се одржува концертот, а несреќните обожаватели кои не добија однапред билети беа принудени да издвојат стотици, ако не и илјадници долари за своите места.


Comments