Search
(ФОТО) Никол Кидман блесна на Мет Гала во фустан што го носела пред 19 години
- Aleksandar Santovski
- May 3, 2023
- 1 min read
Актерката Никол Кидман носеше фустан стар 19 години на балот на Институтот за костими Мет Гала, пренесува Вог.
55-годишната Никол Кидман, ги воодушеви сите на цврениот тепих во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк појавувајќи се во фустан од модната колекција на Шанел од 2004 година.
Таа веќе го носеше истиот фустан пред околу 19 години за кампања за парфемот Шанел бр.5. Тогаш, во режија на Баз Лурман, триминутното Шанел видео чинеше околу 42 милиони долари и стана најскапата реклама досега во светот.
„Најдоброто појавување на Мет Гала 2023! Никол Кидман е божица!“ се дел од коментарите на модните познавачи.





コメント