ФОТО | Невиден гламур: Том Круз со дамите блеснаа на светската премиера на „Mision: Impossible 7“ во
- Aleksandar Santovski
- Jun 20, 2023
- 1 min read
ФОТО | Невиден гламур: Том Круз со дамите блеснаа на светската премиера на „Mision: Impossible 7“ во РимАктерската екипа на „Mision: Impossible 7“ се појави во италијанската престолнина во понеделникот вечерта за светската премиера на долгоочекуваното ново продолжение на франшизата.
Водечката ѕвезда Том Круз како и секогаш изгледаше неприкосновено во син костум додека се фотографираше со своите колешки на познатите Шпански скали во Рим, кои за таа прилика беа украсени со црвен тепих.
Том не можеше да ја сокрие насмевката додека позираше со своите водечки дами на италијанската премиера.
Хејли Атвел, која ја толкува улогата на Грејс во новиот филм насловен „Dead Reckoning Part One“, се појави на црвениот тепих во црн фустан со длабок отвор на грбот и блескави сребрени детали.
Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI
Ванеса Кирби, која во последните продолженија се враќа како Алана Мицополис (Белата вдовица), изгледаше неверојатно во златен фустан кој заслепуваше на италијанското сонце.
Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI
Фотографите не го пропуштија моментот кога Том ја бакна Ребека Фергусон, која ја повторува нејзината улога како Илса Фауст во последните филмови.
Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI
Француската актерка Пом Клементиеф, која ја игра атентаторката Парис, изгледаше прекрасно во сатенски фустан со боја на јоргован.
Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI
На премиерата беше и Грег Тарзан Дејвис, кој го игра Дега во новите филмови, откако глумеше заедно со Том во големиот хит „Top Gun Maverick“ од 2022 година.






Comments