top of page

ФОТО | Најбогатата пејачка во историјата е скромна — Тејлор Свифт носи ѓердан од само 80 долари

11.06.2026 Juni Cetvrtok

Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт се појавила на премиерата на „Приказна за играчките 5“ (Toy Story 5) во вторникот вечерта во Лос Анџелес, каде што покрај настапот, привлекла внимание и со впечатливиот ѓердан што чини 80 долари.По нејзиното неочекувано пристигнување на црвениот тепих, Тејлор извела акустична верзија на новата песна „I Knew It, I Knew You“ од саундтракот на продолжението на филмот, а настапот вклучувал и дует со Ренди Њуман.

Пред да излезе на сцената, таа се пресоблекла од мини фустан на „Ердем“ со спуштени рамена во жолт цветен фустан на Оскар де ла Рента. Нејзиниот долгогодишен стилист Џозеф Касел за таа комбинација избрал и приврзок со камен во жолта боја во истата нијанса.

Иако ѓерданот на прв поглед изгледал како голем жолт дијамант или цитрин, станува збор за моделот Nadri Macaron Yellow Cushion CZ Pendant со жолт циркон брусен во облик на перниче. Ѓерданот чини само 80 долари, додека фустанот со потпис на Оскар де ла Рента чини 8.990 долари, според „Пејџ сикс“.

Свифт во својата колекција има и многу поскап накит од брендовите „Картие“, „Тифани и компани“ и „Фаундри“, како и свршеничкиот прстен дизајниран од Киндред Лубек за Тревис Келси, како и опали што некогаш ѝ припаѓале на холивудската дива Елизабет Тејлор. Сепак, Тејлор често во своите комбинации вклучува и попристапни парчиња накит.

И покрај тоа што е милијардерка, Свифт не носи само луксузни и скапи парчиња накит. Дизајнерката Лили Низам изјавила дека е воодушевена што Свифт поддржува помали брендови и продолжува да ги носи во јавност.

Магазинот „Форбс“ неодамна објави дека Тејлор Свифт станала најбогата музичарка во историјата, со богатство од 2 милијарди долари, што претставува зголемување од 100 отсто во споредба со 2024 година. Триесет и шестгодишната пејачка стана милијардерка во 2024, благодарение на светската турнеја „Ерас“.

Според „Форбс“, Свифт е една од комерцијално најуспешните авторки на песни на сите времиња.


 
 
 

Comments


bottom of page