ФОТО | „Мојата Анче“: Игор Џамбазов со емотивна објава го одбележа роденденот на својата мајка
- Aleksandar Santovski
- Aug 4
- 1 min read
03.08.2026 Avgust Ponedelnik
На денот кога легендарната македонска актерка Анче Џамбазова ќе го прославеше својот 84. роденден, нејзиниот син, шоуменот Игор Џамбазов, сподели емотивна објава на социјалните мрежи.
Тој објави фотографија од венчавката на своите родители – Анче Џамбазова и композиторот Александар Џамбазов.„Денеска ќе наполнеше 84 години. Мојата Анче. Мајка, колешка, другарка…“, напиша Игор во описот.
Анче Џамбазова е една од најзначајните македонски театарски и филмски актерки. Родена е на 3 август 1942 година во Скопје како Анче Прличко, ќерка на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко.
Во текот на својата богата кариера остави неизбришлива трага со бројни улоги, а публиката особено ја памети по филмот „Мирно лето“ и по култната серија „Македонски народни приказни“.
Покрај успешната актерска кариера, таа беше сопруга на композиторот Александар Џамбазов и мајка на Игор Џамбазов и Татјана Џамбазова.
Анче Џамбазова почина на 30 септември 1997 година, на 55-годишна возраст.






Comments