top of page

(Фото) Меланија Трамп привлече внимание во ОН во бела комбинација

24.09.2025 Septemvri Sreda

Првата дама на САД, Меланија Трамп, му се придружи на својот сопруг Доналд на патувањето во Обединетите нации, а за пригода таа се одлучи за елегантна модна комбинација.Кога излезе од „Трапм тауер“, таа носеше впечатлив бел костим со панталони од „Долче и Габана“, во комбинација со блуза во кафеава боја од брендот „Макс Мара“.Интересно е што италијанското дуо Долче и Габана го дизајнира и костимот што го носеше за нејзиниот официјален портрет во Белата куќа во 2025 година. Иако Меланија е позната по својот софистициран изглед за важни настани, ова не е првпат таа да се одлучи за панталони.Деловниот изглед оваа недела е значително поскромен од нејзиното прво јавно појавување во Мисијата на САД во ОН во 2018 година кога воодушеви во розов фустан од „Делпозо“ со драматични ракави, во комбинација со жешки розови штикли од „Маноло Бланик“.

ree
ree
ree
ree

 
 
 

Comments


bottom of page