top of page

(ФОТО) Мајмунчето Мики на кое посетители му украле дел од роденденските подароци во золошка Скопје

27.03.2026 Mart Petok

Од Зоолошката градина во Скопје објавија фотографии од реденденот на малото мајмунче Мики, за кое претходно вработен во ЗОО објави дека дел од посетителите му украле дел од подароците.

-Од мaло и повредено бебе, денес си вистински мал борец и радост за сите нас.

Твојата приказна е доказ дека со грижа и љубов се спасуваат животи.

Мики ти си нашиот мал херој, велат од ЗОО.

Од таму објавија фотографии од прославата на неговиот роденден.

-Фотографиите се од роденденската прослава во чест на гибончето Мики, настан на кој преку едукација ја доближивме до посетителите важноста за заштита на природните живеалишта на гибоните кои се загрозен вид. Приказната на Мики е потсетник колку е важно да ги штитиме и почитуваме дивите животни.

Да бидеме глас за нивната иднина, велат од Зоолошката градина во Скопје, велат од ЗОО.


 
 
 

Comments


bottom of page