top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ФОТО | Кети Пери направи хаос на социјалните мрежи: Ја поддржа Англија на ЕП, а навивачите ја нападнаа поради грешка

16.07.2024 Juli Vtornik

Европското фудбалско првенство заврши, Англија загуби од Шпанија, а бројни познати личности во претходните денови јавно ги поддржаа двете репрезентации.

Една од нив е пејачката Кети Пери, која успеа да направи хаос на социјалните мрежи поради објава со која сакаше да го поддржи тимот на Англија. Имено, пејачката постави сосема погрешно знаме во објавата во која навива за Англичаните, а со тоа наместо да собере симпатии од фановите, навлече голем гнев на социјалните мрежи.

„Фудбалот се враќа дома“, напиша пејачката и постави знаме на Велика Британија со што направи грешка.

Нејзината објава набрзо собра повеќе од 55 милиони прегледи, а многумина од навивачите ја искритикуваа и напишаа негативни коментари.

„Англиското знаме не е исто како и знамето на Велика Британија“; „Следниот пат обиди се да го користиш правилното знаме“; „Сигурен сум дека остатокот од Велика Британија нема да ја поддржи Англија“; „Очигледно не ти е гајле – Престани да ги користиш трендовите за да бидеш релевантна“; „Само што изгуби обожавател“, се само некои од реакциите на незадоволните фанови.


5 views

コメント


bottom of page