(ФОТО) Иџе промовираше прототип возило, Ферари оди во историја: „Време е да се пробаме со големите батковци“
- Aleksandar Santovski
- Aug 5
- 1 min read
05.08.2026 Avgust Sreda
Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе денес го промовираше своето ново тркачко возило со кое планира да се натпреварува во FIA EHCC – Европско првенство на ридски патеки.
Станува збор за возило кое спаѓа во конкуренција на прототипови, односно болид едносед, поради што ќе се менува и категоријата на која настапува.
– Ова возило е побрзо од претходното, на некои патеки и до 15 секунди. Најголемата разлика е во забрзувањето, бидејќи моторот на овој болид има околу 780 коњски сили. Целта е да се соборат сите рекорди на сите патеки,- најави Иџе.
Иако ја започна сезоната со Ферари „488 Challenge Evo“ кое што го промовираше на 13 декември 2023 година и со тој автомобил ги мина овие три сезони, последните две трки ќе ги вози со новиот болид со цел да го запознае подобро.
– Досега го немам возено овој болид и денеска ќе направам прв тест на Водно. Планот е со него да настапам на последните две трки од оваа сезона, по што ќе можам да знам повеќе. Во категоријата на прототипови настапуваат исклучително добри возачи, но време е да се испробаме со „големите батковци“,- рече Стефановски, кој досега има освоено три титули на Европското првенство на ридски патеки.
До крајот на сезоната во 2026 година има 3 трки, на 16 август во Сент Урсен, Швајцарија, на 30 август Илирска Бистрица, Словенија и на 20 септември во Бузет, Хрватска.







Comments