top of page

Фото и видео Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале на Вимблдон

07.07.2025 Juli Ponedelnik

Лондон – Најтрофејниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја оствари и четвртата победа на годинашното издание на Гренд-слемот Вимблдон.

Шесто рангираниот во Лондон, во осминафиналто по по 3 часа и 20 минути игра, во четири  сета го победи Алекс де Минаур.

Австралиецот го доби првиот сет многу лесно со 6-1. Иако се чинеше во тој момент дека Новак тешко ќе мине во оваа рунда, сепак Србинот го направи спротивното.

Следните три сета Ѓоковиќ го доби со идентични 6-4, а мечот го реши во своја полза со 3:1.

Ѓоковиќ за противник во четвртфиналето ќе го има Флавио Карботни.

Италијанскиот тенисер, направи мало изненадување елиминирајќи го Хрватот, Марио Чилиќ со 3:1 во сетови.


 
 
 

Comments


bottom of page