top of page

Фото и ВИДЕО | „Таа падна, ја молев публиката да не ги објави фотографиите“: Опра Винфри ја откри најчуваната тајна за Витни Хјустон


25.06.2026 Juni Cetvrtok

Опра рекла дека по претходната средба со Хјустон зад сцената, таа ги запрела камерите и директно ѝ поставила прашање за тоа што сака да се случи во текот на интервјуто.– На почетокот бевме во фазон: „Еј, девојко, како си?“, а потоа ги запрев камерите, отидов зад сцената и реков: „Кажи ми што сакаш да се случи тука, а јас ќе ти кажам што сакам да се случи тука – се присетила Опра, додавајќи дека тоа било едно од најмоќните интервјуа што ги водела, пренесува „Вариети“.

Според нејзините зборови, Витни била „чиста“ во тоа време, но подоцна повторно се вратила на дрогата. Меѓутоа, Опра тврди дека пејачката паднала од сцената кога требало да настапи пред публиката.– Денот кога дојде во мојата емисија да настапи пред публиката, таа беше под дејство на дрога и падна од сцената – рекла Опра.

Водителката објаснила дека ја замолила публиката да не објавува фотографии од инцидентот.– Ги молев да не ги објават тие фотографии бидејќи тоа ќе ѝ го уништеше животот, и тие не го сторија тоа. Тоа денес немаше да се случи – рекла Опра.

Набрзо по нејзината изјава, реагирал претставникот на Витни Хјустон, која за порталот ТМЗ навел дека пејачката навистина паднала, но во текот на тонската проба, поради темнината и непознавањето на сцената.

Во соопштението го отфрлиле тврдењето на Винфри дека Хјустон во тоа време била под дејство на дрога.– Витни апсолутно паднала од сцената, но тоа се случило во текот на тонската проба, поради мракот во просторијата и нејзиното непознавање на сцената. Таа апсолутно не била дрогирана – сенаведува во соопштението.

Тие додале дека е неправедно секоја епизода од животот на Витни Хјустон да се поврзува со зависноста и порачале дека за пејачката мора да се зборува вистината.

Витни Хјустон почина на 48-годишна возраст, на 11 февруари 2012 година, во Лос Анџелес. Пејачката беше пронајдена мртва во када во хотелот „Беверли Хилтон“, каде што следната вечер требаше да се одржи церемонијата на доделување на наградите Греми, на која беше поканета. Неколку дена претходно била видена на забава што традиционално се одржува во пресрет на доделувањето на престижните признанија.

Како дополнитела причина за смртта беа наведени срцева болест и употреба на кокаин.


 
 
 

Comments


bottom of page