Фото и Видео После Белград Gipsy Kings во Скопје – ноќ на ритам, страст и магија! (Фото)
Updated: Feb 9
06.02.2025 Februari Cetvrtok
Колку песни, толку хитови! На 22 март (сабота), арената „Јане Сандански“ ќе пулсира во ритамот на румбата и фламенкото – затоа што легендарните Gipsy Kings по втор пат доаѓаат во Скопје! Првпат беа 1998 година во Универзалната сала во Скопоје со концерт спонзор беше Авиоимпекс копанијата за летови на авиони. Пак повторно доагаат предводени од Nicolas Reyes, човекот со ангелски глас, кој ги отпеа незаборавните „Bamboleo“, „Volare“ и „Djoba Djoba“, Gipsy Kings ќе ни приредат 90-минутно шоу исполнето со енергија, страст и музика што се чувствува со душа.
Глобален феномен во светската музика – со 20 милиони продадени албуми и „Греми“ награда за „Savor Flamenco“, Gipsy Kings оставија печат што не избледува. А Nicolas Reyes и денес ја освојува сцената, што го покажа и неговиот настап со Coldplay во Барселона минатата година.
Билетите се пуштаат во продажба од петок (7 февруари) во 10:00 часот на karti.com.mk и низ нивната продажна мрежа. 22 март – почеток 20:00 часот! Подгответе се за вечер исполнета со ритам, емоции и вистинска музичка магија!

Comments