top of page

ФОТО и видео| Никол Кидман блесна во проѕирна креација на „Фенди“ и со нов имиџ на премиерата на „Лавица“

01.08.2026 Avgust Sabota

Холивудската ѕвезда Никол Кидман повторно докажа зошто важи за една од најелегантните актерки на денешницата. На премиерата на третата сезона од серијата „Лавица“ (Lioness) во Њујорк таа се појави во впечатлива проѕирна креација на „Фенди“, инспирирана од модата на 1920-тите години.

Педесет и деветгодишната актерка привлече внимание со елегантен ансамбл во боја на слонова коска од високата мода на италијанската куќа. Креацијата се состоеше од проѕирен елек без ракави, украсен со сребрени и платинести детали и реси, кој го комбинираше со широки кремави панталони и сандали со отворени прсти во иста нијанса.

Освен модниот избор, Кидман изненади и со нова фризура. Наместо препознатливата јагодесто руса коса, актерката се појави со посветла нијанса, степенесто потстрижена коса и модерни „завеса“ шишки, дополнети со впечатлива шминка со затемнети очи.

На црвениот тепих ѝ се придружија и нејзините колешки од серијата Лејсла де Оливеира, Зои Салдана и Џил Вагнер. Додека Кидман избра светли тонови, Салдана се одлучи за целосно црн моден изглед од најновата колекција на „Балмен“, комбиниран со проѕирни чорапи и високи потпетици.Шпионската серија „Лавица“, чиј автор е Тејлор Шеридан, е обновена за трета сезона помалку од една година по финалето на втората. Во приказната, Кидман ја толкува Кејтлин Мид, висока функционерка на ЦИА.„Во оваа серија има огромно количество акција. И Зои и јас навистина моравме многу да работиме. Дијалозите се фантастични, но улогата е и физички многу напорна“, изјави актерката во пресрет на премиерата.

Третата сезона на „Лавица“ премиерно ќе биде прикажана на 2 август на платформата „Парамаунт+“.


 
 
 

Comments


bottom of page