top of page

Фото и Видео Над 10.000 посетители уживаа во настапот на Армин ван Бурен во Битола

06.08.2025 Avgust Sreda

Вистински спектакл, синоќа во Битола, на БИТ ФЕСТ. Над 10.000 посетители, уживаа во прекрасниот настап на кралот на електронската и транс музика, Армин Ван Бурен.Со музичкиот спектакл кој се одржа на Стадионот „Петар Милошевски“, Битола за прв пат во својата историја доби настан со А класа светски музички артист и продукција според сите светски фестивалски стандарди.Настанот беше во организација на Авалон продукција (Avalon international booking), а се реализираше со поддржан од Општина Битола и Битолскотo културно лето БИТ ФЕСТ.Кратки видеа од настанот можете да погледнете на следниот линк https://www.facebook.com/share/v/1Et8SMV9wn/.


 
 
 

Comments


bottom of page