top of page

Фото и Видео „К15: Од другата страна“ – документарен филм за најголемиот хумористичен феномен во Македонија

По три децении смеење, провокации, хумор и реплики кои станаа дел од секојдневниот јазик, легендарните К-15 конечно добиваат свој документарен филм.По три распродадени настапи во Арената „Борис Трајковски“, ова е следниот голем чекор – да се открие целата приказна на големо платно.

„К15: Од другата страна“ е дело на режисерот и сценарист Ико Каров, кое спакувано во 100 минути ја носи интимната, човечка и непозната страна на најголемиот хумористичен феномен во Македонија. За неговата автентичност говори и тоа што Ико е син на еден од главните носители на К-15 и Дуо Трио - Бубо Каров и од мали нозе бил дел од целиот проект.

Филмот е збогатен со искрени сведоштва, ретки архивски материјали и приказни од луѓе кои директно или индиректно биле дел од оваа ера.

Проектот е во продукција на BDG Agency и Good Mood Media.Премиерата ќе се одржи во Македонскиот народен театар на 5 декември од 21 часот.

Само по премиерата, публиката ќе има единствена можност за Q&A сесија со хероите на К15 - Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Бубо Каров.

Следните термини на прикажување се 6, 7, 13 и 14 декември, исто така во МНТ.

Картите веќе се пуштени во продажба и може да се купат само нa:

стисни на линкот и резервирај купи карта веднаш стисни тука на црвените букви доле


ree

ree

Еве уште еднаш линкот за нарачување купување карти за во Македонски народен театар за 5 ти декември за премиера на К-15 документарен филм за нив стисни доле на линкот и ке ти се отвори друга станица каде се купува онлине карта скенирај испецати и тоа е плати онлине преку картица



К15: Од другата страна“– првиот документарен филм со приказната зад најголемиот хумористичен феномен во Македонија - единствените К-15.

Премиера во МНТ на 05.12.2025

Цена: 700 и 800 ден.

Ексклузивно само по премиерата – Q&A сесија со Бранко Огњановски, Љупчо Бубо Каров и Васко Тодоров

Документарецот е во Продукција: БД Група и Гуд Муд медиа, директор на фотографија е Илија Жоговски, а режија и сценарио на Илија Ико Каров.

Купи карта само на К-15 - ОД ДРУГА СТРАНА - ПРЕМИЕРА

петок, 05 декември 2025, 21:00

Македонски Народен Театар

ЦЕНА 700 МКД

КУПИ КАРТИ


 
 
 

Comments


bottom of page