top of page
Search

ФОТО и ВИДЕО: Грузиец направи скандал на Олимпијадата во Париз, загуби и им викаше на судиите: Таа ме убива

29.07.2024 Juli Ponedelnik

Грузискиот олимпиец Сандро Базадзе предизвика скандал во Париз откако во осминафиналето беше елиминиран од Мохамед Амер од Египет со резултат 15:14.

Добивај вести на вибер

Базадзе, кој моментално е најдобар во светот во мечување, беше поразен од Амер, но финишот на мечот предизвика големи полемики поради тоа што и двајцата натпреварувачи го прославуваа своето поминување натаму.

Грузиецот беше убеден дека го направил победничкиот допир пред Египќанецот и изгледаше шокиран кога неговиот противник беше прогласен за победник откако судијката Ванеса Чичон од Шпанија ја гледаше снимката заедно со Андреа Доану од Романија.

Беше толку бесен што постојано и викаше.

„По втор пат, како во Токио, судиите ме убиваат“, изјави Базадзе подоцна за медиумите, споменувајќи го својот пораз на претходните Олимписки игри.

„Ми го уништија животот во Токио, за малку ми ја завршија кариерата, но се вратив и станав прв во светот и се подготвив за Олимписките игри, но таа ме убива“.

“Мојата кариера е завршена, завршена е. Како да се вратам кога судиите продолжуваат да ме убиваат? Таа отиде и го гледаше видеото. Тренирам за ова 21 година и таа ме третира како да сум никој. Кога јас ја праша да објасни, таа се сврте и замина од Олимписките игри… правичност, каде е правичноста?“, праша Грузиецот.



4 views

コメント


bottom of page