ФОТО | „Жешката“ Парагвајка е вистинска сензација во Париз, а сега ги шокираше сите: „Готово е“
30.07,2024 Juli Vtornik
Парагвајската пливачка Луана Алонсо ја изненади јавноста откако објави дека ќе ја заврши кариерата на 20 години, откако доживеа неуспех на годинашните Олимписки игри во Париз. Една од најубавите спортистки на светот не успеа да ја оствари својата цел, а откако не се пласираше во полуфиналето – реши повеќе да не се занимава со пливање.
Алонсо е родена во 2004 година, а со спорт почнала да се занимава на 11-годишна возраст. За првпат се натпреварувала во училишни игри. По победата на игрите и слушањето на парагвајската химна, Алонсо сфатила дека сака да плива и сака да се занимава со тоа. Потоа кажа и дека сака да оди на Олимписки игри, а тој сон за првпат ѝ се оствари во 2021 година. Покрај големиот успех на училиште, таа постигнала успеси и на други натпревари.
Таа има освоено бројни медали за нејзините достигнувања, вклучително и златен медал на Јужноамериканските младински олимписки игри во 2022 година. Алонсо моментално го држи парагвајскиот рекорд во стилот „пеперутка“. Надвор од спортот, Алонсо студира политички науки на Јужниот методистички универзитет во близина на Далас, Тексас и е член на пливачкиот тим Мустангс.
Фото: Инстаграм/Луана Алонсо
Алонсо пливаше на Олимпијадата во Токио пред четири години, но не доживеа значителен успех во својата категорија. Таа тогаш имаше 17 години и се натпреваруваше на 100 метри пеперутка. Таа годинава се врати на Олимписките игри, а со учеството се пофали на Инстаграм на крајот на јуни.
„Официјално е! Се квалификував за Игрите во Париз 2024!“, напиша таа, додавајќи дека „едвај чека“ да се претстави на Олимписките игри. Нејзината објава ја видоа околу 2,5 милиони луѓе, што не е чудно со оглед на тоа што Алонсон е исклучително популарна на социјалните мрежи. Во моментов на Инстаграм ја следат 342.000 луѓе.„Пресреќна сум што повторно ќе ја претставувам мојата земја. Им благодарам на моето семејство и на спонзорите што го овозможија тоа. И сите вие што ме следите, испратете ми ја вашата љубов и наклонетост“, додаде таа во својата објава.
Фото: Инстаграм/Луана Алонсон
Многумина тогаш ѝ честитаа и ѝ рекоа дека се возбудени што ја гледаат на натпреварот.
Освен што ѝ честитаа за квалификациите за Олимписките игри, тие го коментираа и нејзиниот атрактивен изглед и ѝ порачаа дека треба да се пријави за Мис Универзум. Инаку, таа се здоби со популарност на социјалните мрежи во 2022 година откако покажа тетоважа од олимписките кругови. Фотографијата стана вирална и собра 148.000 лајкови. Алонсо денес најчесто објавува фотографии на кои ја покажува својата завидна фигура и извајани мускули во бикини.
По неуспехот, Алонсо објави дека повеќе нема да плива. Таа во квалификациите исплива со време 1:03:09 и не беше блиску до најбрзите 16 кои отидоа во полуфиналето.„Сега е официјално. Се повлекувам од пливањето, ви благодарам на сите за поддршката. Парагвај, извини. Морам да ви се заблагодарам“, напиша таа на својот инстаграм-профил.
Фото: Инстаграм/Луана Алонсо
Таа претходно изјави дека планира да се пензионира на 26, 26 или 27 години, но со овој потег значително ја скрати својата планирана пливачка кариера.
Инаку, иако пливањето ѝ е голема љубов, најголема желба ѝ е да основа свое семејство и да стане мајка.„Ако продолжам да пливам, тоа нема да биде можно“, рече таа.
Како што претходно напиша Кларин, Алонсо треба да дипломира на нејзиниот универзитет следната година, а потоа сакаше да престане да плива за да ја оствари својата голема желба.
Младата пливачка не откри што ќе прави во „пензија“, но многумина веруваат дека би можела да успее во светот на моделството.
Comments